Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Предновогодишно власта „штанца“ закони, опозицијата обвинува се „укинува собраниската дебата“

Пренатрупана пленарна седница. Денешната 28 седница ни помалку ни повеќе има 68 точки на дневниот ред. Од закони од областа на образованието како што се за стручното образование и обука, за основното образование, за учебници во основното и средно образование, за образование на возрасните. На дневниот ред има законот на организацијата и работа на органите на државната управа,  за престанувње на важењето на законот за основање на национална агенција за нуклеарни технологии, за националната рамка на квалификации, но има и предлог закони како што се за заштита на културното наследство, на законот за филмска дејност, за издавачка дејност, за музеите, за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење и други. 

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на ваквото предновогодишно темпо  реагираше од собраниската говорница дека власта најгрубо ја крши демократијата, не дозволува дебата и носи закони по итна и скратена постапка.

„Она што ни се случува денес во Собранието и ваквиот начин на функционирање, каде што во моментот ги добиваме точките на дневен ред и не известуваат во собраниските служби, и во ист тој момент се става на дневен ред, тоа го нема во ниту едно слово во деловникот, ниту пак може да се оправдаат ваквите постапки. Мислам дека и потпретседателот и претседателот на Собранието, или кој се учествуваат во креирањето на ваквите седници се однесуваат како целосно суспендирање на парламентот и на дебатата во парламентот. И ова е неприфатливо, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Тој потенцираше дека најголемиот дел од законските текстови се однесуваат на усогласувањето со законот на организацијата и работа на органите на државната управа и станува нејасно, како може, министрите, замениците министри, службите, да не знаат дека тоа усогласување треба да го направат до 31. декември.
„И денес по итна постапка, по скратена постапка, сите закони треба да се донесат. Баш денес ли гори, и сега ќе мораме да ги донесеме. Мислам дека ваквиот однесување не треба да се толерира посебно од оние коишто доаѓаат овде ни делат лекции во парламентот за демократија, а на ваков начин се однесуваат и не стават сите во позиција во којашто целосно го рушиме нашиот систем на парламентарна демократија. Доколку власта смета дека не треба да има никаква дебата или парламент, дајте тогаш да не трошиме ниту пари на граѓаните, ниту ресурси, ниту време. Нека си измислат некој друг начин во кој ќе ги носат законите, повикувајќи се на тоа дека имаат парламентарно мнозинство и дека тоа треба така да се прави“, рече Спасовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен