Се огласи Белата куќа: Земјите без договор за царини ќе добијат одговор од Америка до полноќ

Земјите кои не преговарале за трговски договор или не добиле писмо за царини од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе добијат одговор од САД за трговските услови до крајот на денот (локално време), објави денес Белата куќа.

Преговорите со одредени земји, сè уште се во тек со цел да се постигне договор.

Земјите кои не преговарале за трговски договор или не добиле писмо за царини од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе добијат одговор од САД за трговските услови до крајот на денот (локално време), објави денес Белата куќа.

„Трговскиот тим работи деноноќно за да се обиде да биде во кореспонденција со што е можно повеќе земји, но доколку сè уште не добиле одговор од нас, ќе имаат одговор во форма на писмо или извршна наредба до полноќ вечерва (локално време)“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите.

На 7 јули, Трамп објави писма упатени до лидерите на 14 земји, во кои најави воведување царини од 25 до 40 проценти против нивните земји, кои ќе стапат во сила на 1 август.

Зачлени се на нашиот е-билтен