Британската банка Lloyds потврди дека денешниот прекин на работа на нејзините дигитални сервиси, како и на подружниците Halifax и Bank of Scotland, е поврзан со проблемите на Amazon Web Services (AWS).
„Можеби сте забележале извештаи за проблемите со AWS кои денес влијаат на многу веб-страници и апликации во Велика Британија. Знаеме дека тоа моментално влијае и на некои наши услуги. Се извинуваме и ве молиме за трпение додека го истражуваме проблемот“, соопшти банката.
Професорот по информатика на Универзитетот во Bath, James Davenport, го оцени настанот како „загрижувачки“ и додаде дека банките би требало да ограничат користење на cloud-сервисите на Велика Британија или Европа, наместо да се потпираат на инфраструктура од САД.
Корисници на социјалните мрежи пријавуваат дека им се одбиваат плаќањата со картици, но BBC не можеше независно да ги потврди овие наводи.
Банката Lloyds соопшти дека е во контакт со медиумите и наскоро ќе објави дополнителни информации.