Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Преку платформата United24 собрани скоро 279 милиони долари за поддршка на Украина

Скоро 279 милиони долари се собрани преку платформата за собирање средства United24 за поддршка на Украина.

United24 платформата за прибирање финансиски средства функционира веќе 9 месеци. Собрани се вкупно 278.890.001 долари за поддршка на Украина, рече претседателот на Украина Володимир Зеленски во објава на Фејсбукпренесува Укринформ.

Според него, околу 150 генератори на струја купени како дел од LightUpUkraine веќе се доставени до медицинските установи. Во јануари, шест системи Шахед Хантер за спротивставување на непријателските беспилотни летала беа распоредени во енергетските капацитети.

Зеленски потсети и дека UNITED24 ја претстави и насоката „Обнова на Украина“.

Благодарен сум на сите што и помагаат и ја поддржуваат Украина!, напиша Зеленски.

Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново