Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Премиерот на Бугарија: Немаме за што да репреговараме со Северна Македонија

Премиерот на техничката влада на Бугарија, Димитар Главчев најави дека нема да има повторни преговори со македонските власти.

Главчев ова го кажа на говорницата на парламентот во Софија.

„Тие кажаа дека нема да преговараат со преодна влада, и ќе чекаат да има политичка влада. Затоа и од наша страна нема интерес за преговори затоа што нема основа за тоа. Постојат европски ставовги и тие се добро познати. На последниот Европски совет изјавив дека Република Северна Македонија не ги исполнува преземените обврски, а истото го потврди и премиерот на Грција, кој истакна дека Република Северна Македонија не го почитува Договорот од Преспа. Нашиот став е изразен на највисоко ниво, во Европскиот совет,“ рече Главчев.

Зачлени се на нашиот е-билтен