Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Премиерот на Ирска денеска и утре престојува во посета на Косово

– Ирскиот премиер Лео Варадкар денеска и утре ќе престојува во посета на Косово, соопшти косовската полиција.

Како што пренесува Бета, за посетата на Варадкар нема информации или најава од Владата на Косово или други институции.

Во соопштението на косовската полиција пишува дека поради посетата на високиот гостин од Ирска „ќе има привремени прекини на сообраќајот, на кратки интервали во правец на главниот град, како и на одредени делови од некои патишта каде се очекува да помине службената придружба“.

Најавено е и пренасочување на сообраќајот на тие делници на алтернативни правци.

Во соопштението, косовската полиција побара целосно разбирање од граѓаните и учесниците во сообраќајот. 

Најново