Преодниот совет на Хаити соопшти дека ќе гласа за следниот претседател на земјата во вторник, како дел од напорите за смирување во карипската нација во услови на неконтролиран криминал од банди.
Преодниот совет ја презеде власта на церемонија во четвртокот, со што официјално заврши владеењето на поранешниот премиер Ариел Анри. Мандатот на преодната влада завршува во февруари 2026 година, за кога се закажани изборите и не може да се продолжи.
Доаѓањето на Советот на власт се смета за клучен чекор кон распоредување на меѓународна безбедносна мисија, која Анри ја побара во 2022 година, а ОН ја одобрија пред повеќе од шест месеци.