Препукувања меѓу синдикатите во МРТВ: „Некој меѓу нас не е наш“

Во Македонската радио-телевизија повторно се разгоруваат тензии меѓу синдикатските групи. Синдикатот на ССНМ при МРТВ обвини дека се врши притисок врз нивни членови да се одлучуваат од нивната организација и да преминат во друг синдикат.

Според нивната објава на Фејсбук, за ситуацијата веќе се известени Централната канцеларија на ССНМ, Канцеларијата на ЕУ во Македонија, Народниот правобранител, МВР и ЗНМ. Од ССНМ предупредуваат дека членството не смее да се става под влијание на „надворешни структури“, додавајќи дека нивната репрезентативност очигледно некому му пречи.

Во реакцијата стои и порака дека „не е прифатливо луѓе кои не се новинари и медиумски работници да решаваат за работничките права на вработените во јавниот сервис“. Од таму тврдат дека одредени групи имаат нарушен „комодитет“ и дека некои активности „повеќе нема да можат да ги прават“.

Од ССНМ порачуваат дека е време „да се засукаат ракавите“ и заеднички да се подобрат условите за работа, наместо – како што велат – да се создаваат поделби меѓу вработените.

Дополнително, укажуваат дека демократијата дозволува членство во повеќе синдикални организации, но дека „единствено од опинци тешко се излегува“. Во објавата тврдат и дека веќе имаат осум нови членови.

Подолу е објавата во целост:

Зачлени се на нашиот е-билтен