Пресечен транспорт на 150 кг марихуана, три лица во апс

Марихуана

На 27.01.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ.

Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски национални ознаки, во кое заедно со И.Б. сместиле наркотична дрога марихуана, при што го контактирале Г.Б. со цел моторното возило да биде шлепувано од Струга до Скопје за цена од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба. Откако пристигнале во Скопје, првопријавениот М.З. заедно со второпријавениот И.Б. побарале од третопријавениот Г.Б.  за сума од 40 евра да продолжи да вози до Свети Николе, позади моторно возило „мерцедес“ во кое тие се превезувале.

На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „ивеко“ кое го шлепувало возилото „опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана.

По извршено вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за 150 килограми марихуана.

Зачлени се на нашиот е-билтен