Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Преспанскиот договор покажа дека невозможното е можно и дека треба да се одржува довербата во меѓународните организации

Вториот ден од Меѓународната конференција за мир и одржлив развој започна со сесијата со наслов „Геополитичките трендови и улогата на меѓународните организации во менаџирање на кризите и во обезбедувањето на мирот“ во која учествуваа Маргаритас Схинас потпретседател на Европската комисија, Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарната Асамблеа на Советот на Европа, Басим Кури, советник во Владата на Палестина, Менелаос Менеллау, преговарач на Кипар за кипарското прашање и Умберто Коста од Работничката партија на Бразил и претседатела на Комитетот за социјални прашања на бразилскиот парламент.

Илина Мангова, директорка на канцеларијата на Меѓународниот републикански институт во Северна Македонија, во своето обраќање на панелот пренесе дека улогата на меѓународните организации е од извонредно значење во се понагласената поларизација во светот.

„Меѓунардоните органзиации се лидери и клуч за поддршка и помош во градењето на демократијата и обезбедувањето на мирот. Но, она на што треба да се обрне внимание е дека градењето на демократијата и обезбедувањето на мирот не се проекти, туку процеси кој бара постојана посветеност“, истакна Илина Мангова.

Мангова презентираше дел од податоците кои говорат за поддршката на граѓаните од Балканот и Северна Македонија за Европската Унија. Таа истакна дека во Северна Македонија поддршката во европската организација, според последното истражување изнесува 60%, досека во Албанија и Босна и Херцеговина 92% од граѓаните го поддржуваат овој процес.

Но, она што загрижува, потенцираше Мангова, е падот на верувањето на граѓаните од регионот во подготвеноста на ЕУ да ги прифати земјите од регионот како членки на ЕУ.

„Европската комисија е секогаш најпријателскиот сојузник во ЕУ и тоа е од значење за за граѓанското општество и за нас, како меѓународна невладина организација која работиме да помогнеме и на овој процес на ЕУ-интеграција, да помогне во просперитетот на демократиите во овие земји. Но, за ЕУ, ​​како огромна политичка унија, овој предизвик е сѐ уште многу е голем“, потенцираше Мангова од Меѓународниот републикански институт.

На обраќањето на Мангова се надоврза досегашниот потпретседател на Европската комисија за европски вредности Маргаритас Схинас, кој истакна дека ЕУ останува и понатаму посветена на проширувањето, како една од темелните определби на Брисел, заедно со јакнењето на демократијата и почитувањето на човековите права.

Басим Кури, советник во владата на Палестина, во своето обраќање за ситуацијата во појасот Газа, го наведе Преспанскиот договор како модел за решавање на кризни прашања, дека покажа дека невозможното е можно, и потенцираше дека тоа дава надеж дека и до решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестина може да дојде со посредство на меѓународните организации.

Зачлени се на нашиот е-билтен