Пресврт во НТ Софија: Билјана Пројковска сепак ќе настапи во претставата на Морфов

Апсурдната забрана на директорот на софискиот Народен театар „Иван Вазов“, Васил Василев, македонската актерка Билјана Драгичевиќ-Пројковска да не настапи во претставата „Животот е убав“ на режисерот Александар Морфов е укината.

Во најавата на јубилејното издание на претставата „Животот е убав“ на репертоарот на НР „Иван Вазов“ на 22 февруари, се наведува дека „улогата на Серафима Илиничка ќе ја игра македонската актерка Билијана Пројковска“. Претставата е во чест на 100-годишнината од раѓањето на бугарската актерка Јулија Огњанова, која е еден од авторите на преводот на оригиналниот руски текст „Самоубиецот“, спотред кој е создадена претставата „Животот е убав“. Александар Морфов е еден од нејзините најистакнати студенти.

Претходно директорот Василев одби да дозволи учество на македонска актерка поради затегнатите политички односи меѓу Македонија и Бугарија, освен ако Пројковска има бугарски пасош. Пројковска беше поканета од режисерот Морфов, кој ја постави „Животот е убав“ на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, да настапи во неговата софиска верзија. Пројковска треба да ја игра истата улога од скопската претстава како замена за актерката која била спречена да настапи на 22 февруари.

Административната забрана на директорот Василев, кој поставувал скандалозни услови за учество на актерката Билјана Пројковска, претставувала закана за откажување на претставата. Од друга страна, пак, и овој скандал е само еден од примерите на тековната војна што раководството на Народниот театар ја води против Александар Морфов, по неговиот бунт против назначувањето на поранешната партиска портпаролка на ДПС Велислава Крастева, за советник за комуникации на директорот Василев.

Треба да знаете
Moже да ве интересира