Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Скопје, од каде што на започнува минитурнејата низ земјите од Западен Балкан.
На аеродромот во Скопје ја пречека вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Матричиќ, кој веста ја соопшти на социјалните мрежи
„Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан. Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес“, напиша Маричиќ.
„Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година. На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ“, пишува во објавата на социјалните мрежи, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Матричиќ.
Фон дер Лајен, како што најави делегацијата на ЕУ во земјава, денеска ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски, додека утре ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.
По заедничката прес-конференција во Владата, Фон дер Лајен и Ковачевски ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, која е корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ.
Фон дер Лајен од Скопје, ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево. Посетата, како што е најавено, Фон дер Лајен ќе ја искористи да разговара за билатералната соработка со регионалните лидери и за подетално да им го претстави Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.