Претседателката на Специјалниот суд ќе го посети Косово

Претседателката на Специјалниот суд (Специјален совет) во Хаг, Екатерина Трендафилова на 13 мај ќе го посети Косово. За сега нема информации за можни средби со лидерите или претставниците на косовските институции.

Специјалниот совет и Специјалното обвинителство на Косово формирани се во согласност со меѓународен договор ратификуван од Собранието на Косово, уставен амандман и Законот за специјални совети и Специјалното обвинителство на Косово.

Тие се привремени, со специфичен мандат и надлежност во постапките за злосторства против човештвото, воени злосторства и други кривични дела според законите на Косово, кои биле иницирани или извршени во Косово од 1 јануари 1998 година до 31 декември 2000 година од граѓани на Косово или Сојузна Република Југославија, или против нив. Нивното седиште е во Хаг, Холандија, персоналот е интернационален, како и судиите, специјалниот обвинител и секретар.

Претседателката на Специјалниот суд е Екатерина Трендафилова (1953), адвокатка, научничка и судијка од Бугарија, која ја презеде функцијата на 12 јануари 2017 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен