Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претседателот на Бугарија од утре во дводневна посета на Косово

  Во дводневна посета на Косово утре ќе пристигне бугарскиот претседател Румен Радев, соопштија од кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, пренесе Бета.
Османи, ќе го прими претседателот Радев со државна свеченост со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Ибрахим Ругова“, се наведува во соопштението.

По средбата Османи и Радев ќе одржат заедничка прес-конференција.

Засега нема информации со кого друг ќе се сретне бугарскиот претседател при посетата на Косово. 

Зачлени се на нашиот е-билтен