Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе се кандидира за избор во Европскиот парламент (ЕП) во јуни и ќе се повлече од сегашната функција доколку биде избран, соопшти вчера во интервју за белгискиот весник „Стандард“, пренесе БТА.

-Одлучив да се кандидирам на европските избори во 2024 година“, вели Мишел, додавајќи: „Ако бидам избран, ќе седнам на моето место (во Европскиот парламент). Европскиот совет може да го предвиди развојот и да го одреди (мојот) наследник до крајот на јуни – почетокот на јули“, пренесува МИА.

Четириесет и осумгодишниот Мишел е поранешен премиер на Белгија, а од крајот на 2019 година е на чело на Европскиот совет.

Тој ќе се кандидира за Европскиот парламент како водечки кандидат на неговата партија, белгиското централно-десничарско „Движење за реформи“, пренесува „Стандард“.

Зачлени се на нашиот е-билтен