Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претстава за неверството, бракот и машко-женските љубовни односи во Театар Комедија

Вечерва (среда, 28 февруари), со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе се одигра претставата „Анатомија на неверството“ во режија на Александра Кардалевска.

„Анатомија на неверството“ е поставена според текстот на Валентин Красногоров, со актерите Жаклина Петровска и Тони Денковски.

-Низ неколку засебни едночинки во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко-женските љубовни односи. Ликовите во сите едночинки се поставени во парадоксални ситуации, а самото сиже, спојувајќи две противречни состојби, претставува оксиморон кој го изразува самото неверство како болно задоволство, односно пријатна сензација што создава проблеми. На тој начин претставата игра по тенката линија на сарказмот и апсурдот создавајќи истовремено хумористични и драматични ситуации, вели режисерката Александра Кардалевска.

Драматург на претставата Дарко Јан Спасов, костимограф – Ивана Каранфиловска.

Зачлени се на нашиот е-билтен