Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претставничкиот дом на Белгија го призна Холодомор како геноцид врз украинскиот народ

Претседателот Володимир Зеленски му се заблагодари на Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија за признавањето на Холодомор (гладомор) од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ, пренесува Укринформ.

Историско гласање во белгискиот Претставнички дом: уште една држава го призна холодоморот од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ! Благодарен сум на Белгија за оваа важна одлука за секој Украинец, за овој длабоко симболичен чекор денес!, Зеленски објави на Твитер.

На 28 ноември 2006 година, Врховната Рада на Украина го усвои законот „За холодомор од 1932-1933 година во Украина“, признавајќи го Холодомор како геноцид врз украинскиот народ.

Повеќе од 20 земји ширум светот официјално го признаа Холодомор како геноцид врз украинскиот народ.

Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен