Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претставници на земјите извознички на нафта во Алжир ќе разговараат за глобалното снабдување со гас и за цените

 Во Алжир викендот ќе се одржи седмиот Форум за земјите извознички на нафта (ГЕЦФ), на кој ќе се разговара за прашањата за обезбедување снабдување со гас на глобално ниво, со истовремена контрола на цените за производителите и потрошувачите.

Се очекува дека форумот ќе создаде основа за нова геополитичка визија, а потенцијално ќе создаде нов блок за контрола на цените слична на неговиот нафтен пандан, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), во обид да се контролира пазарот и преминот од советодавна природа на форумот на одлучувачка.

Алжирскиот министер за енергија и рударство Мохамед Аркаб за катарските медиуми објасни дека „соработката меѓу земјите производители ќе биде едно од најистакнатите прашања на агендата и во центарот на вниманието на форумот“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен