– Официјален претставник на палестинското движење Хамас денеска изјави дека позициите меѓу тоа движење и Израел во војната во Појасот Газа се уште се „премногу оддалечени“ за напредок во преговорите за прекин на огнот.
„Се сомневам дека ќе има некаков напредок во тие преговори, бидејќи позициите се премногу оддалечени“, изјави неименуван претставник на Хамас за АФП, пренесува Бета.
Израелскиот премиер Бенјамин „Нетанјаху е несериозен и незаинтересиран, а американската администрација не врши вистински притисок“, додаде функционерот.
Претходно денеска беше објавено дека Хамас се уште нема донесено одлука за испраќање делегација на преговорите во Доха или Каиро, каде се прават обиди за договорање прекин на огнот во војната во Газа.