Патнички авион Ембраер кој летал од Азербејџан за Русија се урна во средата во близина на градот Актау во Казахстан со 67 патници и пет членови на екипажот, соопштија казахстанските власти.
Преживеале 29 луѓе, а нивните седечки места одиграле голема улога во тоа. Имено, според руските медиуми, повеќето од преживеаните седеле во задниот дел на авионот, поточно во последните седум редови.
Дел од медиумите шпекулираат дека причина за несреќата е неисправност на контролниот систем, други јавуваат дека е виновна птицата што удрила во моторот, а други ја споменуваат експлозијата во авионот по ударот на птицата.
„Пилотот се обиде да слета два или три пати. Потоа слушнавме тресок, експлозија. Во маските што се спуштија речиси и да немаше кислород. Авионот кружеше пред падот“, изјави 48-годишникот кој ја преживеа фаталната авионска несреќа за руски Лента.