Во пожарот кој со денови беснее над Пехчево изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево. За среќа нема повредени лица.
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа запаленото возилото веднаш откако огнот бил изгаснат.
Пожарникарите се добро, објавија од пехчевската противпожарна.
– За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи. Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат. Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчево. Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали изгореници, вели Михаилов во објавата на социјалните мрежи.
Вчера кризниот штаб на Пехчево одржа седница на која се донесе одлука пожарот да го гаснат два полициски хеликоптери.