Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пригожин против Путин: „Вагнер“ нема да се предаде, Русија наскоро ќе има нов претседател, ќе уништиме сѐ што ни стои на патот

Владимир Путин и Евгениј Пригожин

Пригожин му одговори на Путин дека неговата платеничка армија „Вагнер“ нема да се предаде. Тој рече дека Русија наскоро ќе има нов претседател и дека неговата војска напредува кон Москва за да ја освои.

Шефот на платеничката армија кажа дека тој и неговата војска се вистинските патриоти кои борат против корумпираната воена и политичка елита во Русија и дека нема да се повлече.

Седиштето на „Вагнер“ во Санкт Петербург

Пригожин се закани дека „ќе оди до крај“ за да го собори руското воено раководство и да го симне Владимир Путин од тронот.

„Одиме понатаму и ќе одиме до крај. Ќе уништиме се што ни стои на патот. “, рече Пригожин во аудио порака.

Во своите аудио пораки, Пригожин тврди дека неговите сили собориле руски воен хеликоптер.

Утрово жителите на поголемиот јужен руски град Ростов-на-Дон беа дочекани од воени возила кои заземаа позиции и ги блокираа улиците. Некои од жителите се фотографираа со тенкови.

Тоа доаѓа откако сопственикот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин повика на вооружен бунт со цел соборување на рускиот министер за одбрана и тврдеше дека тој и неговите војници стигнале во градот откако ја преминале границата од Украина.

Рускиот Национален антитерористички комитет, кој е дел од Федералните служби за безбедност, или ФСБ, го обвини Пригожин за повикување на вооружен бунт, што предвидува казна до 20 години затвор.

Во знак на тоа колку сериозно Кремљ ја сфати заканата, властите прогласија „контратерористички режим“ во Москва и нејзината околина, дозволувајќи ограничени слободи и зајакнување на безбедноста во главниот град. Руската полиција е распоредена пред седиштето на Вагнер во Санкт Петербург.

Се огласи и Кадиров, лидерот на Чеченците. Тој денеска изјави дека неговите сили се подготвени да помогнат во задушувањето на бунтот на шефот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и додаде дека доколку се покаже за потребно тие се подготвени да употребат и сурови методи.

Кадиров во својата денешна изјава однесувањето на Пригожин го нарече „забивање нож в грб“ и ги повика руските војници да не попуштаат на никакви „провокации“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново