Пријава за „царинска измама“ и наплата на 622.492 денари

Царинската управа соопшти дека спречила неплаќање давачки во износ од 622.492 денари во случај поврзан со увоз на додатоци на исхрана. По контроли на Одделението за контрола на трговски друштва, е поднесена кривична пријава за „царинска измама“ против увозник, шпедитерски компании и лиценцирани застапници.

Според наодите, во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година стоката била пријавувана под погрешни тарифни ознаки со пониски царински стапки. Контролите укажале на координирано постапување меѓу увозникот и застапниците, по што случајот е предаден во Одделението за истраги, а до надлежното јавно обвинителство е проследена кривична пријава.

Паралелно, донесени се решенија за дополнителна наплата на пресметаните давачки. Од Управата наведуваат дека продолжуваат со засилени мерки за заштита на финансиските интереси на државата и одржување фер конкурентност на пазарот.

Зачлени се на нашиот е-билтен