Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Приказната „Силjан Штркот” на Марко Цепенков преведена на руски јазик

Приказната на Марко Цепенков „Силјан Штркот“ е објавена на руски јазик во превод од Олга Панкина. Книгата беше промовирана во библиотеката „А.Н. Толстоj”  во Москва, во рамките на проектот „Читаj ја Македонија!”.

Панкина, која е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, вели дека „Силјан Штркот“ е единствено дело од Цепенков досега објавено на руски јазик.

Покрај самата приказна, во книгата е обjавен и есеj насловен „Штркот единак и неговото јато” на Митко Маџунков кој, меѓу другото, истакнува дека „тоа не е волшебна приказна, бајка во која сè е можно (или барем таквите елементи се сведени на минимум), туку прецизна парабола за човековата судбина во која сите детали се во функција на основната идеја”.

Зачлени се на нашиот е-билтен