„Приказната за Силјан“ на Котевска – прв македонски филм во каталогот на National Geographic, во трка за двоен „Оскар“

Македонија уште еднаш се запиша во светската филмска историја. „Приказната за Силјан“, најновото дело на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, е откупено од National Geographic Documentary Films – една од најпрестижните светски куќи за документаристика.

Со тоа, македонски филм за првпат влегува во глобалниот каталог на National Geographic, што значи дека ќе биде достапен на публиката во над 170 земји преку мрежата на National Geographic и Disney+, со силна фестивалска и маркетинг поддршка.

Филмот веќе има импресивен пат – ја освои „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации во Торонто, а сега е и годинашен македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата за најдобар интернационален филм. Дополнително, британскиот дистрибутер Dogwoof, познат по оскаровци и бафта-наградувани документарци, ги презема правата за Австралија, Јапонија и Полска.

„National Geographic ми беше првата инспирација да станам документарист. Денес, мојот филм е дел од нивниот каталог – тоа е остварување на сонот што никогаш не мислев дека може да стане реалност,“ изјави Тамара Котевска.

Филмска бајка инспирирана од македонскиот фолклор

„Приказната за Силјан“ е документарна бајка инспирирана од 17 век, која ја следи судбината на земјоделецот Никола и неговата длабока врска со бел штрк со повредено крило – симбол на опстанок, нежност и надеж.

Зад филмот стои моќна меѓународна екипа:

  • Режисерка и продуцентка: Тамара Котевска
  • Кинематограф и продуцент: Jean Dakar
  • Продуценти: Anna Hashmi и Јорданчо Петковски
  • Музика: Joe Wilson Davies и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio)
  • Монтажа: Мартин Иванов
  • Продукција: Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop, Филмоскопија

Меѓународни реакции

Светските медиуми едногласно го поздравуваат филмот:

  • Moderntimes Review: „Преку метафорична резонанца и виртуозен филмски јазик, таа ја претвора болката со историја во заеднички емоционален запис – со што отвора уште поголем потенцијал.“
  • Hollywood Reporter: „Апсолутен шармер… трогателен поглед на врската меѓу човек и птица.“

Овој успех не само што претставува огромен чекор за македонската кинематографија, туку и потврда дека нашите приказни имаат универзална вредност која ја препознава светот.

Зачлени се на нашиот е-билтен