Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Принцот Хари доаѓа во Велика Британија поради болеста на неговиот татко

Принцот Хари разговарал со својот татко, кралот Чарлс Трети, откако на британскиот монарх му бил дијагностициран рак.

Според Би-Би-Си, Хари, кој живее во САД, во наредните денови ќе отпатува за Велика Британија, каде ќе го посети Чарлс.

Бакингемската палата претходно денеска соопшти дека на Чарлс му бил дијагностициран рак за време на посетата на болницата поради зголемена простата, но не кажа за каков вид на рак се работи.

Се додава дека британскиот крал ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи до дополнително известување. 

Зачлени се на нашиот е-билтен