Принцот Хари повторно во Велика Британија – но не за неговото семејство: Мора да се појави на суд

Принцот Хари има поднесено тужба против Дејли Меил за нарушување на приватноста.

Принцот Хари се врати во Лондон, но не дојде во Велика Британија за да го посети своето семејство, со кое подолго време има затегнати односи, туку за уште едно појавување пред суд.

Тој има поднесено тужба против Дејли Меил за нарушување на приватноста. Ројтерс, случајот го опишува како „еден од најзначајните“ вакви случаи досега во Велика Британија.

Покрај Хари, Дејли Меил и издавачот Асошиејтед Њузфастерс го тужат уште шест лица, вклучувајќи го и Елтон Џон.

Тие ги обвинуваат за нелегално однесување, од хакирање на гласовни пораки од нивните мобилни телефони до добивање лични информации како што се здравствени картони и финансиски извештаи.

Издавачот се изјасни за невин по обвиненијата против нив.

Зачлени се на нашиот е-билтен