Украинските функционери тврдат дека нивните сили погодиле голема руска рафинерија за нафта со британски ракети „Сторм Шедоу“, објавува денес „Скај њуз“.
Како што изјавија украинските функционери, оваа рафинерија е еден од најголемите добавувачи на нафтени производи во јужна Русија и ги задоволува потребите на армијата.
Генералштабот на украинската армија објави дека британските ракети предизвикале повеќекратни експлозии во рафинеријата Новошахтинск во Ростов.
Минатата година, Велика Британија ѝ дозволи на Украина да користи ракети „Сторм Шедоу“ за напади на територијата на Русија, потсетува „Скај њуз“.
Во исто време, украинските функционери изјавија дека домашно произведени беспилотни летала со долг дострел погодиле танкери за нафта во руското пристаниште Темрјук во Краснодарската област, како и фабрика за преработка на гас во Оренбург.
Фабриката во Оренбург е најголема од ваков вид и се наоѓа на околу 1.400 километри од границата со Украина.
Руските власти во Краснодар објавија дека два тенкови се запалиле по нападот со беспилотно летало, додавајќи дека пожарот се проширил на околу 2.000 квадратни метри.
И Киев и Москва ги засилија нападите врз енергетските објекти во последните месеци, објавува Скај њуз.