Пристигнува серијата „Младиот Шерлок“: Проектот е потпишан од Гај Ричи (ВИДЕО)

„Младиот Шерлок“ очигледно не се обидува да го следи класичниот, драматичен пристап на приказните за познатиот детектив. Наместо тоа, фокусот е на неговите диви и необуздани помлади денови додека тој го наоѓа својот пат.


Стриминг платформата на Амазон, Prime Video, го објави првиот трејлер за новата серија „Младиот Шерлок“, која ги истражува раните денови на познатиот детектив.

Проектот е потпишан од режисерот Гај Ричи, а Херо Фајнс Тифин се појавува во главната улога на 19-годишниот Шерлок Холмс. Серијата е базирана на популарната литературна серија од Ендру Лејн, а ќе пристигне на стриминг услугата на 4 март.

Првиот случај и неочекуван сојузник

Трејлерот го открива заплетот од првата сезона, во која младиот Шерлок е лажно обвинет за убиство, принудувајќи го да ги користи своите новоразвиени детективски вештини за да ја докаже својата невиност. Интересен пресврт во приказната е улогата на неговиот најдобар пријател, наместо Џон Вотсон, таа улога ја презема Џејмс Моријарти (Донал Фин), идниот заколнат непријател на Шерлок.

Првата истрага наводно води до глобален заговор, што ги крева влоговите на многу високо ниво уште од самиот почеток.

Иако шоуранер на серијата е Метју Паркхил, познат по проектите „Наутилус“ и „Хотел Костиера“, режисерската палка ја држи Гај Ричи, чиј препознатлив стил е видлив во секој кадар од трејлерот.

Серијата нуди ист вид енергична забава, остар дијалог и креативна акција по кои се познати неговите филмови за Шерлок Холмс со Роберт Дауни Џуниор и Џуд Ло.

Потенцијални идни сезони

Тонот на серијата е сличен на успешната серија на Ричи „Џентлмен“.

„Младиот Шерлок“ очигледно не се обидува да го следи класичниот, драматичен пристап на приказните за познатиот детектив. Наместо тоа, фокусот е на неговите диви и необуздани помлади денови додека тој го наоѓа својот пат.

Како што пишува „Скрин Рант“, иднината на серијата изгледа ветувачка, со оглед на тоа што е базирана на литературна серија составена од осум романи. Тоа обезбедува многу материјал за потенцијални нови сезони. Вестите за можно продолжение и втора сезона би можеле да бидат објавени околу времето кога ќе се појави премиерата на серијата или наскоро потоа.

Зачлени се на нашиот е-билтен