Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Четириесет и осумгодишник од неготинско село бил приведен за напад врз малолетниот внук, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.К., постапувајќи по претходна пријава, дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот малолетен внук. С.К. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се појаснува во соопштението на СВР – Велес. 

Зачлени се на нашиот е-билтен