Приведен осомничен по прободување во Дебар

Маж бил избоден синоќа во Дебар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полицијата привела 32-годишен дебарчанец, К.Т., кој се сомничи за нападот. Нападнатиот се здобил со убодна рана.

Осомничениот е задржан во полициската станица за целосно документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен