Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Приведен вработен во хрватското МНР кој криел девет мигранти во куќа во Загреб

 Службеник во хрватското Министерство за надворешни работи денеска е приведен бидејќи со двајца Индијци криеле девет мигранти во семејна куќа во областа Медвешчак во Загреб, јави РТЛ.

Четворица мигранти од Бангладеш и пет од Пакистан се обиделе да и побегнат на полицијата, но брзо биле приведени, а сите потоа побарале азил.Еден државјанин на Индија е во бегство.

„Хрватскиот државјанин ја изнајмил својата куќа на второосомничениот. Тој ја опремил куќата со душеци и им носел храна на луѓето кои биле таму. Станува збор за договор меѓу тројца мажи со цел личен интерес. Тие го овозможиле влезот, движење и престој на странски државјани на територијата на Хрватска“, изјави Марија Гоати, портпаролка на полициската управа во Загреб.

Зачлени се на нашиот е-билтен