Проблеми пред почетокот на Евровизија: Поднесена е кривична пријава поради смртни закани кон претставници на Израел

Јувал Рафаел, претставникот на Израел на Евровизија, изминативе неколку дена во Базел доживеа непријатности и закани.

Годинава учеството на Израел на Евровизија привлече огромно внимание, а во неделата во Базел се одржаа протести против учеството на земјата на натпреварот.

Израелскиот радиодифузер „Кан“ денеска поднел жалба до полицијата во Базел поради наводни смртни закани кон израелскиот претставник Јувал Рафаел, пренесува Блиц.

Имено, на натпреварот учествуваат 37 земји, а за време на парадата на тиркизниот тепих во неделата, Јувал беше пречекан со свирежи, а на видеото снимено од член на израелската делегација може да се види како маж мавта со палестинското знаме и го покажува палецот надолу, а потоа поминува со прстот преку грлото и плука.

Овој гест беше протолкуван како смртна закана, а од полицијата во Базел побараа да го истражи случајот.

На учеството на Израел на Евровизија се спротивставија јавните радиодифузери на Шпанија, Исланд и Словенија, како и 70 поранешни учесници на ова натпреварување.

Зачлени се на нашиот е-билтен