Пред почетокот на Берлинале, љубителите на филмот купиле речиси 78.000 билети. Тоа е нешто повеќе од лани, кога првиот ден беа продадени 77.599 билети, пренесува германската агенција ДПА.
Од денот на отворањето на благајните во понеделникот, сега точната бројка е 77.757 билети.
Влезниците за редовните проекции годинава чинат 15 евра. Цената за палатата Берлинале на плоштадот Потсдам и за специјалните гала премиери во Музичката сала Верти е 18 евра.
Билетите се продаваат три дена однапред, а Берлинале ќе трае од 15 до 25 февруари.
Фестивалот годинава ќе биде отворен со филмот „Small Things Like These“ во режија на Тим Миелантс. Главната улога ја толкува ирската ѕвезда Силијан Марфи. Ова ќе претставува и и светска премиера.
За главната награда на Берлинале, Златната мечка, ќе се борат 20 филма, меѓу кои и два германски.