Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави изградба на нова детска градинка со современ и енергетски ефикасен дизајн, на површина од над 2.000 квадратни метри и со капацитет за 200 деца. „Оваа градинка нема да биде само објект. Таа ќе биде порака дека ќе продолжиме да го градиме Прилеп со визија и со одговорност кон идните генерации“, изјави Проданоски.
Според најавата, објектот ќе биде целосно пристапен и безбеден, прилагоден за најмладите, со „топла и поттикнувачка средина за игра, учење и растење“. Проектот е дел од визијата за модерен и функционален Прилеп кој вложува во ранoто образование и во подобар квалитет на живот за сите генерации. Видеоснимката од најавата е објавена и на официјалниот профил на кандидатот.
Проданоски порача дека новата градинка е меѓу приоритетите во инфраструктурата за деца и родители, а во следниот период ќе бидат презентирани локацијата, динамиката на изградба и финансирањето.