Министерството за култура, поради големиот интерес, а на барање на апликантите, го продолжи рокот за аплицирање на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година, до 3-ти декември (недела), до 23:55 часот, информираат од Министерството за култура.
Конкурсот беше отворен на 1 ноември и требаше да трае до 1 декември 2023 година.
Пријавувањето на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.
Министерството објави и водич за електронско пријавување.
Со конкурсот се обезбедуваат средства од Буџетот на Република Северна Македонија за самостојните уметници, како месечни надоместоци за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход на самостојните уметници.