Продолжуваат израелски напади врз Појасот Газа и покрај барањето на Трамп за прекин на бомбардирањето

Продолжуваат израелските напади врз Појасот Газа и покрај барањето на Трамп за прекин на бомбардирањето

Продолжени израелски напади врз Појасот Газа и покрај барањето на Трамп за прекин на бомбардирањето
Цивилната одбрана на Појасот Газа денес објави дека израелските сили извршиле неколку десетици напади врз градот Газа во текот на ноќта, и покрај барањето на американскиот претседател Доналд Трамп до Израел веднаш да престане со бомбардирањето на палестинските територии.

„Ноќта беше полна со насилство, израелската армија изврши неколку десетици напади и испука артилериски оган врз градот Газа и други области на Појасот Газа, и покрај повикот на Трамп за прекин на бомбардирањето“, изјави за АФП портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал.

Басал, чија агенција е спасувачка сила што работи под администрација на исламистичкото движење Хамас, додаде дека 20 куќи биле уништени во ноќните бомбардирања.

„Ситуацијата е многу сериозна во градот Газа“, рече Басал, нагласувајќи дека неговите тимови не можеле да стигнат до сите жртви поради „присуството на тенкови и континуираното бомбардирање“.

Болницата Ал Мамадани во градот Газа утрово објави дека ги примила телата на четири лица убиени во нападот врз куќа во населбата Ал Туфа, како и неколку ранети.

Болницата Насер во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти дека ги примила телата на две деца и осум ранети по нападот со беспилотно летало врз шатор во камп за раселени лица во Газа.

Исламистичкото движење Хамас во петокот соопшти дека е подготвено за итни разговори за ослободување на израелските заложници држени во Газа и за завршување на војната, како дел од планот предложен од Трамп.

Израел, од своја страна, утрово објави дека се подготвува да ја спроведе првата фаза од планот на Трамп за ослободување на сите заложници, без да спомене прекин на бомбардирањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен