Партијата на проевропската молдавска претседателка е прва на локалните избори во стотици градови одржани викендов, но не ја освои градоначалничката функција во најголемите градови, вклучително и главниот град Кишињев, покажуваат прелиминарните изборни резултати објавени денеска.
Изборите вчера, на кои се избираа 12.000 локални функционери, вклучително и градоначалникот на Кишињев, беа тест за проевропската политика на претседателката Маја Санду и беа проследени со обвинувања за руско мешање, што Москва ги негира.
Владејачката Партија за акција и солидарност (ПАС) на Санду освои повеќе од 40 отсто од гласовите за градоначалници, градски советници и општински и селски совети.
Таа ја освои функцијата градоначалник во првиот круг на гласање во 240 од вкупно 898 села и градови. Тие победи беа главно во руралните области.
Во главниот град, актуелниот градоначалник Јон Цебал денеска изјави дека ја победил Лилијан Карп од ПАС, за малку избегнувајќи втор круг со 50,62 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати.
Ова беа последните избори во Молдавија пред претседателските избори во ноември 2024 година.