Македонскиот камерен оркестар „Профундис“, заедно со виртуозната пијанистка Ема Попивода како солист, вечерва настапуваат на интернационалниот музички фестивал „КоторАрт“ во Котор, Црна Гора
„Навистина сме среќни што ја имаме честа да го споделиме нашето музичко творење со публиката во Црна Гора. Фестивалот „КоторАрт“ ги спојува најпрестижните уметници како од регионот, така и од светот и важи за фестивал со реноме, па затоа поканата да бидеме дел од официјалната програма претставува вистинска чест и задоволство и несомнено значаен момент во нашата уметничка кариера“, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.
Инаку, фестивалот „КоторАрт“ со своето 21-годишно постоење се смета за еден од најголемите и најзначајните фестивали на уметноста во Црна Гора и регионот.