Прогласена добитничката на Нобеловата награда за мир

Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо од Венецуела.

Марија Корина Мачадо (57) е едно од главните лица на опозицијата во Венецуела и ја внесе стравопочит кај владејачката партија. Во текот на неколку месеци, од политичките маргини, се искачи во центарот на политичките случувања.

Нобеловата награда за мир секоја година предизвикува огромно внимание ширум светот. Иако процесот на избор се одвива во апсолутна тајност, а имињата на кандидатите се доверливи 50 години, тоа не спречува појава на предвидувања, листи на фаворити и обложувачки пазари кои се обидуваат да погодуваат кој ќе добие едно од најпрестижните светски признанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен