Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прогласена е вонредна состојба на територијата на цел Израел

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галан, вечерва одлучи да прогласи вонредна состојба на територијата на цел Израел, соопшти неговиот кабинет, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Министерот Галан претходно денеска прогласи вонредна состојба во радиус од 80 километри од Појасот Газа, по ненадејниот баражен ракетен напад од оваа палестинска територија и добро подготвената инфилтрација и упад на вооружените палестински милитанти на израелска територија.

Вонредната состојба и дозволува на израелската воена команда да ги ограничи собирите и да ги затвори областите во земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен