Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Програмскиот колегиум на МКЦ со осуда за смената на в.д. директорот Ванчо Богоев, Арсовска постави детектив за нов директор

Програмскиот колегиум на МКЦ реагира на смената на досегашниот в.д. директор Ванчо Богоев.

Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста. Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири, се вели во нивното соопштение.

Од програмскиот колегиум велат дека сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпишал таа одлука, па затоа Арсовска иемнувала нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.

И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ. Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повоторно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата, посочуваат од Програмскиот колегиум на МКЦ.

Порталот Фронтлајн се обидел телефонски да разговара со новиот директор Алексов, но тој ги одбил со образложение дека бил „со луѓе во гужва“.

Зачлени се на нашиот е-билтен