Пролетно сонце за викендот: до 18°C со студени утра

затоплување

По краткотрајните врнежи, од денеска (6 март) Македонија влегува во постабилен и посув период, со многу сончеви часови и постепено затоплување што ќе се почувствува најмногу преку ден. Викендов се очекуваат пролетни максимални температури што ќе се движат меѓу 12 и 18 степени, со најтопли вредности во котлините.

Во Скопје и околината дневните температури ќе се искачат до околу 17 степени, што ќе донесе „пролетен“ впечаток, особено во часовите од пладне до попладне. Ветерот ќе биде слаб до умерен и променлив, а во сабота претежно од југоисточен правец.

И покрај сончевото време, утрата остануваат чувствително постудени. Минималните температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а во Скопје во раните утрински часови ќе се спуштаат околу нулата, што значи дека разликата меѓу утринските и дневните услови ќе биде изразена.

Во недела (8 март) се очекува повеќе облачност и мало „олабавување“ на затоплувањето, но без најава за значајна промена што би го расипала викендот.

Зачлени се на нашиот е-билтен