Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Промоција на култната „Уметност и револуција“ на Гералд Рауниг

Во рамки на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура насловено „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, годинава Контрапункт во својата едиција „Пунктум“ посветена на новите критичко-теориски правци на мислата и дејствувањето, објавува три книги од еден од најзначајните и најпредизвикувачките теоретичари на уметноста и филозофи, Гералд Рауниг. На македонски јазик ќе ги имаме трите најзначајни книги на Рауниг: „Уметност и револуција“ во превод на Катерина Шекутковска, „Дивидуа“ и Дисeмблажа“, во превод на Жарко Трајаноски, кои наскоро, според copy left принципот, за кој Рауниг, исто како и Контрапункт се големи застапувачи, ќе бидат објавени и online, во PDF формат.

На 3 јуни (среда), со почеток во 19:30 часот во Националната галерија „Чифте амам“, низ дијалог помеѓу Рауниг и Ивана Драгшиќ ќе биде промовирана култната „Уметност и револуција“, во превод од германски јазик на Катерина Шекутковска

Треба да знаете
Moже да ве интересира