Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Промоција на публикација и панел дискусија на ИМА: Медиумите и човековите права

На 28.11.2023 (вторник) во хотелот Квинс во Скопје во 12 часот, Институтот за медиуми и аналитика ИМА ќе ја промовира својата седма публикација: „Медиумите и човековите права (анализи)“.

Дел од настанот е и панел – дискусијата, на која учествуваат Насер Зибери – Народен правобранител на Република Северна Македонија, Славица Анастасовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Вики Младенова – докторантка на меѓународни студии на Универзитетот за ориенталистика во Неапол, проф. д-р Сефер Тахири – универзитетски професор по новинарство и јавни комуникации, и Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ.

Настанот ќе го модерира Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите и авторите на публикацијата, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на настанот.

Овој настан е дел од активностите на ИМА поддржани од Европскиот фонд за демократија од Брисел (ЕЕД), чија цел е унапредување на критичкиот дијалог, третманот на човековите права во медиумите, борбата против медиумската дискриминација, дезинформациите и говорот на омраза.

Зачлени се на нашиот е-билтен