Промоција на зборникот „Мит и драма: современи толкувања“ во Europe House Skopje

На 3 декември 2024 година, во 20 часот, во Europe House Skopje ќе се одржи промоцијата на зборникот од меѓународната научна конференција „Мит и драма: современи толкувања“.

На настанот ќе зборуваат уредниците на изданието: Наташа Аврамовска, Деспина Ангеловска, Дарин Ангеловски, Бесфорт Идризи, Владимир Мартиновски и Кристина Н. Николовска.

Зборникот е заедничко издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институтот за македонска литература – Скопје и Факултетот за драмски уметности – Скопје. Публикацијата опфаќа вкупно 31 научен труд, меѓу кои и пленарното предавање на проф. Светлана Слапшак, и содржи текстови на македонски, англиски, француски, српски и бугарски јазик.

Настанот е отворен за јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен