Денеска (10 септември) во Јуроп Хаус – Скопје, Фондацијата „Метаморфозис“ заедно со Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa се одржува промоцијата на „Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија“.
Настанот започна со воведни обраќања и презентација на клучните наоди и препораки, по што ќе следи панел-дискусија со истакнати експерти и новинари. Тема на панелот е прашањето:
„Дали македонските медиуми можат да ја исполнат улогата од јавен интерес?“
Извештајот дава детален преглед на моменталната состојба со медиумската слобода во земјата. Во него се нагласува дека иако во последните години е забележан одреден напредок, предизвиците остануваат сериозни:
- ширење на дезинформации,
- политички и економски притисоци,
- загрозена безбедност на новинарите,
- празнини во медиумската регулација.
Документот содржи конкретни препораки до државните институции, медиумските чинители и меѓународната заедница со цел зајакнување на независноста, плурализмот и отпорноста на медиумите.
Со овој извештај, се отвора уште еднаш прашањето колку македонското новинарство може да биде слободно, независно и во служба на јавниот интерес.