Пронајден е изгубениот планинар на Пелистер

РЦУК – Битола информира дека во комуникација со директорот на НП „Пелистер“, во 15:30 часот е добиена информација во врска со изгубениот планинар.

Планинарот успеал самостојно да се спушти и да стигне до селото Нижеполе. Иако го загубил мобилниот телефон и се движел во лоши временски услови со густа магла, тој безбедно пристигнал во селото и се засолнил во една куќа, од каде телефонски известил дека е жив, здрав и во стабилна состојба.

Спасувачките екипи отишле во селото Нижеполе, го презеле и безбедно го транспортирале до Битола.

Зачлени се на нашиот е-билтен