Пронајден еден од украдените накити од Лувр – најверојатно им испаднал на крадците при бегството

Француските власти соопштија дека е пронајден еден од накитите украдени во денешната спектакуларна кражба во музејот Лувр во Париз. Според информациите на BBC, накитот најверојатно им испаднал на сторителите додека бегале од местото на настанот.

Министерката за култура на Франција, Рашида Дати, потврди дека е пронајден еден од драгоцените предмети, но дека сè уште се проценува неговата состојба. Засега не е објавено за кој конкретен накит станува збор.

Според првичните информации, кражбата била изведена многу професионално – без насилство и без паника, што ја прави една од најдрските културни кражби во последните години.

Потсетуваме, утрово беше ограбена галеријата „Аполон“ во рамките на музејот Лувр, од која исчезнаа девет парчиња накит од колекцијата на француските кралски семејства. Меѓу нив се наоѓаат круни, полускапоцени камења и дијаманти со непроценлива историска вредност.

Француската полиција продолжува со интензивната истрага, а музејот засега останува под засилени безбедносни мерки.

Зачлени се на нашиот е-билтен