Пронајдено телото на 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар кај Градско

Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24 јули исчезна во водите на реката Вардар во општина Градско. 

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото на девојчето е најдено денеска во 12:10 часот во водите на Вардар во близина на Старо Градско. 

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Во потрагата за девојчето беа вклучени припадници на МВР и на специјалната единица „Волци“ на Армијата.

Исчезнувањето на девојчето беше пријавено од страна на нејзината сестра на бројот за итни повици. Покрај девојчето, беше пријавено дека во водите на Вардар е изчезната и 26-годишна жена, но таа беше пронајдена жива.

Зачлени се на нашиот е-билтен